Грчевите се силни, болни контракции на мускулите кои се јавуваат ненадејно и траат од неколку секунди до неколку минути. Најчесто се јавуваат во нозете и може да се јават во било кое време од денот. Често се предизвикани како последица од недостиг на минерали и витамини во организмот.

Ако грчевите ви се јавуваат многу ретко, тогаш нема за што да се грижите, но доколку се јавуваат често, спонтано, па дури и кога се наоѓате во состојба на мирување, неопходно е да ја утврдите причината за нивното појавување и да преземете одредени мерки за да се ослободите од нив.

Дали знаевте дека обичен глицерин може да биде од голема корист ако имате грчеви во нозете? Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу широка. Тој може да ви помогне во најнеочекувани ситуации.

Глицеринот е проѕирна течност која се користи како компонента за производство на сапуни и други средства за лична хигиена.

Купете шишенце глицерин од аптека и истријте ги со него мускулите на нозете, исто како кога мачкате млеко за тело. Со лесни движења втријте го глицеринот, а потоа легнете да спиете. Благодарение на глицеринот грчевите нема да ве измачуваат навечер, а кожата ќе ви биде мека и нежна.

Глицеринот е наједноставниот начин за отстранување на ноќни грчеви во нозете за секој кој пати од овој проблем.

СОВЕТ ПЛУС: Што да направите ако ве фати грч во нога?

За да се ослободите од проблемот направете го следното:

Кога ќе се јави грч во листот од ногата, обидете се да се фатите со рака за прстите на стапалото и нагло повлечете ги кон себе. И покрај болката во ногата, обидете се да се задржите во оваа положба. Истовремено масирајте го мускулот на листот од ногата. Болката набрзо ќе помине.

Лицата кои се подложни на грчеви во мускулите мора редовно да ги вежбаат стапалата со истегнување во текот на денот, со што се постигнува опуштање на мускулните влакна и се спречува појава на грчење.

Терапијата треба да сведува на спречување на претеран замор, надокнадување на течности и електролити како и адекватна исхрана. Внесот на магнезиум ги отстранува болките бидејќи помага моментно, но и долгорочно во релаксација на мускулите.