Ако честопати се чувствувате изнемоштено, безволно, уморно и постојано сте нерасположени, тогаш е време од себе да ја истерате негативната енергија и да живеете подобро и поубаво, уште од денес!

Прочитајте ги овие едноставни упатства и уште денес вие и вашите домашни започнете да живеете повесело и позадоволно.

Старите Словени имале испробан метод кој до ден денешен е испробан и успешно се применува. Нашите предци забележале дека темјанот кога ќе се запали има лековито дејство на целокупниот дом и на луѓето кои живеат во него.

Темјанот има многу пријатен и релаксирачки мирис кога ќе се запали и чадот оди кон плафонот – тоа ги симболизира и ги претставува нашите молитви упатени кон Бога.

Се’ што ни е потребно за да ја избркаме негативната енергија од домот и да се врати светлината се: темјан, восочна свеќа и вера во Бога.

Еве како да ја окадите куќата:

Ако во последно време сте нерасположени, чувствувате негативна енергија во вашиот дом и лоша атмосфера со болести и кавги, време е да го примените овој мал, едноставен ритуал. Земете темјан и запалете го да жари, па поминете низ целата куќа и околу куќата доколку имате двор.

Темјанот се користи и при ароматерапија бидејќи сп својот пријатен мирис им помага на луѓето при болести како што се: астма, бронхитис, дишни проблеми, алергии и настинки. Во ароматерапијата се лекува и за лекување на хистерија, напнатост, нерасположение.

Кога со запален темјан ќе поминете низ целата куќа, на тој начин вие вршите енергетско чистење и со тоа ја бркате негативната енергија.

Многу е важно кога ќе го спроведувате овој ритуал, куќата да биде чиста и средена, а вие да бидете истуширани, односно чисти, за да може на тој начин целосно да се елиминира негативното. На тој начин се прави комплетно чистење.

Чистењето на негативна енергија би требало да го повторувате секој месец и на тој начин да ја одржувате заштитена од сите видови на негативна енергија.

Восочна свеќа

Кога ја кадите куќата, потребно е да запалите восочна свеќа. Пламенот на свеќата ќе помогне да се поврзете со Бог и да ја разбудите вашата внатрешна енергија и мудрост.

Ова можете да го примените било каде, веднаш…

Ако сте тажни и нерасположени или пак се двоумете за нешто или се каете, запалете свеќа и нејзиниот пламен ќе ги растера лошите мисли. Пламенот од свеќата ќе ве ослободи од стресот и дел од проблемите кои ве притискаат.

Луѓето во стариот Египет верувале дека гледањето во пламен од свеќа помага во поврзување со Бог.

Свеќите имаат многу релаксирачко и смирувачко дејство, па така, покрај религиски молитви, се користат и за медитација, спа центри за опуштање или за романтика.

Прекрстете се

Истражувањата на руските научници речиси ја запрепастија јавноста. Имено, откриле дека микробите исчезнуваат штом се изведе ритуалот прекстување. Забележано е дека водата ја менува својата структура, односно станува почиста ако претходно се прекрсти и прочита молитва.

Следното истражување е изведено на Институтот во Москва, каде е забележано дека кога човек ќе се прексрсти, се чувствува многу посмирено и чувствува душевен мир. Ова истражување е спроведено од страна на реномирани руски научници на пример од неколку илјади луѓе.