Потребни состојки:

50 г лист од магданос

50 г камшик (петровец)

30 г босилек

30 г кантарион

30 г коњско опавче

20 г дршки од цреши

Една лажица од мешавината се прелива со 0,5 литар зовриена вода. Поклопено да отстои 20 минути  па да се процеди и да се испие на гладно.

Исто така, да се помешаат еднакви делови од: ајдучка трева, жалфија, кантарион, лист од бреза, ува и цвет од бозел. Една лажица од оваа мешавина да се прелие со 0,5 литар зовриена вода, да се остави да се излади поклопено околу 20 минути.

Процедено се пие пред оброк, во три еднакви дози.