Ефикасен лек за чистење на синусите

АНАСОН ПРОТИВ ГРИП

По оброкот, џвакајте ѕвездест анасон. Ќе имате посвеж здив, ќе го поттикнете варењето на храната и ќе се заштитите од вирусите на грипот.

ЃУМБИРОТ ЈА УБЛАЖУВА НАСТИНКАТА И ГИ ЧИСТИ СИНУСИТЕ

Ако сте настинати, носот ви е затнат а синусите ви се воспалени, излупете го ѓумбирот со големина на палец, и гответе го во 200 мл вода околу половина час, па оставете да се излади. Во оваа течност потопете ленена ткаенина, исцедете ја па ставете ја преку носот и челото (да се одбегнува контакт со очите). Набргу ќе почувствувате подобрување.

КАПКИ ЗА СИНУСИ

Потребно:

Мед

Комова ракија

Маслиново масло

Подготовка:

Во еднакви количини измешајте ги медот, ракијата и маслиновото масло, па добиената мешавина користете ја како капки за нос, наутро и навечер.

loading...