На наше огромно задовоство, овој лек ни го испрати нашиот редовен читател, Господинот Миленковски, со што ја зголеми колекцијата од народни лекарства.

Еден орев внимателно се отвора на половина, со нож, се вади јатката од едната половина а лушпата се полни со масло.

Внимателно се става на загреана рингла да врие околу 1-2 минути, притоа внимавајќи да не се истури маслото. 

Лушпата од оревот ќе испушти јод кој ќе се соедини со маслото а со тоа ќе се зголеми лековитоста на маслото. Се собира со шприц и внимателно се капнува во болното уво.

Болката веднаш се смирува.

*Се користи било какво лековито масло, но најдобро е кантарионовото.

Коментар на Ванка Паунова:

“Јас го правам кога некој кашла и има ефект. Во оревчето ставам масло, па во лажичка на рингла. штом почне да врие го тргам да се олади, па го пиеме. има многу фајде.”

Коментар на Анита Гошева:

“Точно, испробано и стварно делува, болката престанува”

Коментар на Марија Стојчевска:

“Јас ова го научив од мојата покојна баба и мајка, сега го практикувам на ќерка ми кога ќе се пожали на болка и стварно е ефикасно”

Коментар на Благица Брајаноска:

“Навистина добар трик. испробан и ефикасен”.

Коментар на Тања Мино:

“Кога го правам лекот, во оревот ставам парче лукче и дополнувам со масло. Болката веднаш поминува.”

Коментар на Елизабета Цветковска:

“Точно и јас сум го правела и функционира”.

Коментар на Киро Пројчески:

“Овој рецепт го употребувам и јас против кашлица зимно време ставам во оревчето и толчен или сечкан лук и го пијам. Вистина помага само навечер да се пие бидејќи лукот има јак мирис”.

Коментар на Славјанка Танасковиќ:

“Јас сум го користела, многу е ефикасен”.

Коментар на Вилма Циунова Рогузарова:

“Леков помага и за настинка и грип се пие ја смирува кашлицата што е најважно едноставен и евтин”

Коментар на Габриела Миленкоска:

“За болка во уво..еве уште еден..од баба ми рецепт… Се зема праз и се сече белиот дел, се става без масло без ништо да се запржи. тоа си испушта самото од себе сок… од него се тура во увото двапати на ден по неколку капки (2-3).”