Експертите истакнуваат дека високиот крвен притисок може да се намали со промена на режимот на исхрана, а малку луѓе знаат дека оваа намирница е многу успешна во борбата против хипертензија.

Истражувањата докажуваат дека ако јадете помалку сол, шеќер и заситени масти и редовно вежбате, можете значително да го намалите ризикот од висок крвен притисок. Меѓутоа, експертите истакнуваат дека една рака чиа семе дневно, може да го симне притисокот и да го намали ризикот од срцев удар. Чиа семето е богато со протеини, омега 3 масни киселини, минерали, а најважно е што содржат антиоксидант полифенол кој има неверојатно дејство на исцелување на целото тело.

Исто така, ова семе содржи влакна, лигнин, магнезиум, калциум и калиум. Истражувањата докажуваат дека притисокот значајно се снижил кај пациенти кои секојдневно консумирале брашно од чиа семе во текот на 12 седмици. Брашното од чиа семе се прави така што семето ќе го сомелите во блендер или во мелница за кафе, па потоа можете да го поросувате во храна.

Чиа семето можете да го додавате во колачи, палачинки, различни печива и смутиња. Дневно не треба да внесувате повеќе од 25 г ќиа семе (малку помалку од све лажици), бидејќи во спротивно, може да почувствувате мачнина и подуеност на стомакот.