ДВОБОЈНИ РУСКИ КАПИ

Потребни состојки:

8 јајца

250 г шеќер

250 г брашно

4 лажици вода

2 лажици масло

½ прашок за печиво

10 г какао во прав

за фил:

200 г брашно

400 г шеќер

loading...

1 литар млеко

300 г путер

малку арома од рум

за декорација:

100 г кокос

100 г мелени ореви

100 г чоколадо за готвење

50 г путер

Постапка:

Одвојте ги белките од жолчките.

Изматете ги белките во цврст снег, па додадете ги жолчките.

Додадете вода, масло и шеќер, па добро изматете со миксер.

Промешајте брашно, прашок за печиво и какао во прав, па додадете го сето тоа заедно во смесата со јајца.

Матете со лажица додека сите состојки убаво да се соединат.

Подгответе голема тепсија за печење (плехот од рерната) или печете ја кората на двапати во тепсија 25х35 см.

Печете на 220 степени околу 15 минути, во зависност од вашата рерна.

За фил: помешајте шеќер и брашно со малку млеко, па добро изматете со миксер.

Загрејте го остатокот од млекото само малку без да биде премногу топло, па додадете ја смесата со шеќерот и брашното.

Варете со постојано мешање додека да згусне, околу 8-10 минути.

Сварениот фил покријте го со проѕирна фолија или промешувајте го повремено за да не фати кора. Оставете да излади.

Во пенесто изматен путер постепено додавајте го целосно изладениот фил. Матете полека и додадете арома од рум.

Матете со миксер околу 10 минути додека да добиете пенест и цврст крем.

Кога кората е печена исечете кругови со чаша (величина по ваша желба) и започнете да ги филувате шубарите. Ставајте повеќе фил без да притискате премногу. Потоа валкајте ги во кокос или мелени ореви.

Растопете чоколадо и путер, па додавајте по лажичка чоколадо врз шубарата. Оставете да отстои барем еден час во фрижидер пред послужување.