Двеминутен ритуал пред спиење: Чисти, детоксифицира и придонесува за брзо топење на мастите

За жал, голем број луѓе во целиот свет се борат со еден заеднички проблем, а тоа е сало на стомакот.

Стомачните масти кои формираат еден вид на обрач околу половината, за многумина може да биде извор за несигурност, а во некои случаи, тоа е показател за сериозно здравствени проблеми.

Експертите тврдат дека тврдоглавите стомачни масти се акумулираат од различни причини, почнувајќи од возраста, лоша исхрана преполна со шеќер и преработена храна, недостиг на сон, па завршувајќи со стрес.

Најдоброто решение за елиминирање на салото е навремено идентификување на проблемот и негово отстранување, но понекогаш, дури и со здрава храна и вежбање, стомачните масти не можат да се намалат.

Исто така, потребно е да ја знаете улогата на мастите во организмот. Имено, тие служат за неколку различни намени: ги заштитуваат внатрешните органи, претставуваат резерва за енергија во случај на глад и го штитат телото од токсини.

За да ги согорите мастите потребно е да го збуните телото, односно да се послужите со еден трик: да го натерате вашиот организам да ги согори вишокот масти како гориво за енергетски дефицит.

Со помош на физичките вежби се зголемуваат енергетските побарувања на телото, па тоа е еден од начините за губење на салото.

Сепак, ако вашето тело се соочува со големо токсично депо или пак вашите навики во исхраната не се здрави, губењето на мастите може да биде многу бавно или воопшто да не се случува.

Но не се грижете, во продолжение на текстот ќе прочитате за една едноставна а феноменална масажа која ќе ви помогне да се ослободите од “гумата околу стомакот”.

Кинеска абдоминална медицинска масажа:

Прво, мора да напоменеме дека со примена на оваа масажа вие ќе ги зајакнете вашите стомачни мускули! Масните наслаги всушност ви ги покриваат мускулите.

Познатиот експерт д-р Стивен Чанг кој практикува Западна и кинеска медицина, вели дека со само двеминутна масажа може да се обезбеди еден вид на внатрешна вежба која чисти и детоксифицира, а со тоа придонесува за брзо топење на мастите.

И исто така, треба да знаете дека техниката на кинеската медицинска масажа комбинира различни типови на вежби за подобрување на дигестивниот систем и ја подобрува способноста на телото за детоксификација и отстранување на отпадот. Предностите на оваа техника може да вклучуваат:

-Топење на масното ткиво

-Подобрување на ефикасноста на дигестивниот систем

-Детоксификација на цревата

-Елиминирање на опстипација

-Стимулирање на органите кои се наоѓаат во стомакот

-Подобрување на циркулацијата во абдоминалниот дел

-Олеснување од некои тегоби како што се: мачнина, повраќање и лоша дигестија

За најдобри резултати оваа техника треба да ја извршувате двапати на ден, пред појадок и пред спиење.

За извршување на кинеската медицинска масажа потребно е да ги следите овие едноставни инструкции:

Прво, треба да легнете на грб врз цврста подлога.

Потоа, протријте ги дланките една од друга за да ги загреете. Тријте ги додека да почуватвувате дека се стоплиле.

Едната дланка поставете ја врз стомакот рамно на папокот.

Започнете со триење во мали кругови околу папокот, со постепено проширување и зголемување на круговите. Притоа притискајте ниту премногу силно, ниту премногу нежно.

На секој круг треба да се задржите по 1-2 секунди.

Важно: фокусирајте се на топлината која треба да се акумулира во стомакот.

Забелешка: За две минути треба да направите околу 40-50 кругови. За цело ова време стомакот треба да ви биде затоплен.