Две несакани нуспојави од водата со лимон

Популарната лимонада или вода со лимонов сок е чест напиток со кој го започнуваат луѓето, особено оние кои сакаат да ослабат.

-Водата со лимон на гладен желудник е еден од главните ритуали на бројни диети!

Овој напиток не содржи калории ниту шеќери, ја подобрува дигестијата, го чисти телото од токсини, обезбедува добра количина на антиоксиданти и витамин Ц. Со задолжителната утринска доза, многумина ја пијат лимонадата и преку целиот ден.​

Меѓутоа, иако овој пијалак е здрав, водата со лимон има две несакани нуспојави на кои треба да се обрати внимание.

1.ЖДРИГАВИЦА

Премногу лимон ќе запали „оган“ во вашиот желудник. Имено, лимонот е едно од најкиселите овошја, а познато е дека токму тие го засилуваат лачењето на желудочните киселини и затоа поттикнуваат ждригавица.

2.СЕ ОШТЕТУВА ЗАБНАТА ГЛЕЃ

Киселините во лимонот го оштетуваат заштитниот слој на глеѓта од забите, а тоа може да доведе до чувствителност на забите, па дури и кариес.

Ако имате проблем со забите, никако не пијте вода со лимон во текот на целиот ден или после секоја испиена чаша исперете ја устата со голтка чиста вода.

СОВЕТ ПЛУС:

Освен вода со лимон, популарен напиток кој „асистира“ при слабеење е и водата со мед. Проверете што се случува секој ден кога ја пиете на гладно.