Со овој прастар рецепт повеќепати им помогнав на своите деца, на моите внуци и на други дечиња. Случајно налетав на овој рецепт во разговор, бев убедувана дека е делотворен, па така го пробав и многу ми е драго. За да не се исфрли извадената пулпа, ќе добиете бонус салата – Милица.

Црната ротквица (Raphanus sativus) ја има зимно време, летно не може да се најде – природата навистина се погрижила за нас!

Потребни состојки за сируп:

1 поголемо парче црна ротквица

Багремов мед или некој друг природен мед

Потребни состојки за салата:

-пулпата од црната рдоква

-сол, оцет, масло и ким

Постапка за приготвување на сируп:

Рдовката убаво измијте ја однадвор со четка, бидејќи нема да се лупи.

Засечете ја малку на горниот дел, а потоа издлабете ја, така што ќе добиете голема дупка, а ѕидовите околу еден см дебелина.

Со чепкалка или стапче за ражнич направете дупче на самото дно од рдоквата.

Во средина налијте багремов мед или било кој мед што го имате. Ако немате мед или на него сте алергични, тогаш ставете шеќер. Оставете преку ноќ да се цеди, на топло, во чаша.

Сирупот кој се исцедил е лекот против кашлица. Се консумира по една лажица наутро и навечер. Кај потешки напади на кашлица се консумира почесто. На крајот од денот може да се изеде ротквицата. Секој пат се прави нов сируп, бидејќи не може да се чува долго.

Овој сируп помага кај некои облици на алергиски кашлици, го олеснува дишењето и помага при бронхијален катар. Го препорачуваат сите стари народни рецепти.

За бонус салата:

Пулпата што сте ја извадиле од црната рдоква исечете ја на тенки ливчиња или изрендајте, па оставете да отстои еден час.

Процедете, посолете и зачините со масло, бел оцет и ким. Ќе добиете вкусна и здрава салата.

Салатата помага при надуеност на стомак, болести на бубрезите и мочниот меур, како и кај слаб млаз. Ублажува и желудочни тегоби.