Драгица Стевковска Дракче за НМД: Боледував од РАК и го победив – еве како!

Драгица Стевковска – Дракче е познат лик од ТВ екраните со нејзината авторска емисија “Патот на светлината”.

Неуморен, ведар дух, секогаш со разбирање за проблемите на гледачите, на кои секогаш се обидува да им помогне.

Познати се исто така и нејзините карвани, патувањата кои таа ги организира за своите пријатели и гледачи, патувања на кои се посетуваат манастири, има многу дружење и позитивна енергија.

Но, малкумина знаат дека Драгица во својот живот има поминато низ голгота, борба со канцер на матка, кој го имал зафатено и нејзиното дебело црево и бешика!
“Многу е тешко кога на еден човек ќе му се соопшти дека боледува од карцином! За жал, јас се соочив со тоа во мојата младост…

На неполни 31 години веста допре како гром по едно онесвестување.. По анализите кои беа долги и макотрпни,  потоа започна голготата, со операции и терапии..

Додека траеше лекувањето, морав да се соочам со сè и сешто и да се обидам со лекување и со разни чаеви и таблети носени од секаде од светот, но  најмногу ми помогна лекот од природно алое. Лекот го правеше мојата мајка.

Природни свежи листови од алое, со цеден сок од лимон, беше за мене салата наутро, за ручек и навечер..и многу чај од жолт кантарион!

Сакам да се обратам на сите читатели на НМД и на сите други кои се во иста состојба, најмногу од сè, да веруваат во себе дека ќе ја надминат болеста да се борат со сите сили и духовно и со многу движење. Да напоменам сега алоето го има во сите аптеки!

Ако јас се изборив со таа лоша болест и со 4 операции..и стојам на нозе..му посакувам секому да истрае во тешката битка и да му се радува на животот.”

Со почит, ДРАГИЦА СТЕВКОВСКА ДРАКЧЕ