Дознаваме мали трикови: како Корејките ја одржуваат чиста својата кожа

Тие знаат како и во својата педесетта година да изгледаат триесет години помладо. Нивната кожа блеска од здравје.

Дури и мажите користат специјална козметика и познаваат многу трикови за да можат секогаш да изгледаат добро.

Ние сите им се восхитуваме на убавината и на снаодливоста на Корејките и Корејците, па со задоволство ви откриваме некои од нивните тајни:

ПРАВИЛО ОД 10 СЕКУНДИ

За да биде кожата чиста, здрава и свежа, хидрантниот крем го нанесуваат 10 секунди веднаш после туширањето.

Што се случува: Порите после туширањето се проширени од топлината, па кремот веднаш се впива а кожата ги користи неговите хранливи состојки.

ЛИМОН ЗА ИЗБЕЛУВАЊЕ НА КОЖАТА

Лимонот се сече на половина и се цеди неговиот сок во посебен сад. Потоа со помош на памук се нансеува на потемнети зони и на огрубените делови од кожата. Процедурата се повторува неколку пати седмично. Ако кожата е чувствителна, треба со внимание да се применува овој метод, или лимоновиот сок да се разблажува со малку вода. После третирањето со овошни киселини, никако не смее да се изложува на сонце! Затоа лимоновиот сок применувајте го навечер.

Што се случува: Лимонската киселина делува како пилинг, ги елиминира мртвите клетки, пигментираните дамки ги прави помалку видливи, порите ги чисти од маснотии и нечистотија. Витаминот Ц продира длабоко, го стимулира производството на колаген и на кожата и ја зголемува еластичноста.

МАСАЖА СО ТОПОЛ ПЕШКИР

Фротирскиот пешкир го натопуваат во врела вода, со него го прекриваат лицето, па потоа прават блага масажа. После 15 минути, го отстрануваат пешкирот, па нанесуваат природно, хранливо масло.

Што се случува: Оваа процедура ја забрзува циркулацијата, ги отвора порите и на кожата и помага полесно да дише и да се исхранува.