Дознајте што значи ако сонувате дека имате с*кс со некој конкретно

Дознајте што се крие зад тие влажни сништа кои сте ги сонувале.

Ако се разбудите сред ноќ со чувство на жестина и блага вознемираност, после интензивен сексуален сон со неочекувано лице, не грижете се – не сте единствени! Сексуалните сонови се многу чести, и доколку малку подлабоко ги анализираме може многу да се дознае од нив.

А сега малку за соновите генерално. Најголема веројатност постои дека овој вид на сон ќе го имате во REM фазата кога нашиот мозок е најмногу стимулиран и креативен. Нашите циклуси на сонот траат околу 90 минути, со тоа што најголемиот дел од тој циклус отпаѓа токму на REM фазата. Тоа го објаснува фактот зошто често се сеќаваме на работите кои ги сонуваме токму во текот на оваа фаза.

Сексуалните сонови се манифестација на нашите потсвесни анксиозности и желби, кои не мора нужно да имаат сексуална природа. Соновите се своевиден пресек на нашите желби, грижи и тек на свеста. Во суштина, тие се огледало на нашите чувства во сегашно време.

СЕКС СО КОЛЕГА/КОЛЕШКА

Доколку сте имале сон во кој сте имале секс со колешка, тоа не мора да значи дека таа сексуално ве привлекува. Тоа пред се’ може да значи дека би сакале да имате некои особини што таа ги поседува. Запрашајте се што е тоа што ја истакнува таа одредена особа. Дали станува збор за висина на нејзината плата, популарност во колективот или фактот дека е омилена кај вашиот шеф. Така полесно ќе го пронајдете одговорот на прашањето кое ве мачи.

СЕКС СО ШЕФИЦА

Ако сте се загреале за вашата шефица или шеф на работа, веројатно потајно посакувате доминација и моќ. Запамтете: сексот во соновите не е нужно поврзан за квалитетот и особините на особата која ја сонувате, туку она што таа претставува, како социјален статус или авторитет во работното опкружување.

СЕКС СО ПОЗНАТИ

Сте сонувале секс Скарлет Јохансон на плажа? Тоа може да значи дека се обидувате да се поврзете со некои аспекти од филмовите во кои сте ја гледале, за да го унапредите својот живот. Размислете за тоа што прво ви паѓа на ум за особата која сте сонувале. Дали е тоа филм? Ако одговорот е позитивен, дали насловот или приказната се некако релевантни со вашиот сегашен живот. Следете ја темата од тој филм и ќе наидете на нешто со кое ќе можете да се идентификувате. Или пак, едноставно сте размискувале за сексот, па глумицата или глумецот ви дошле на сон.

СЕКС СО НЕПОЗНАТ

Психолозите оваа појава ја нарекуваат „мистериозен љубовен сон“ и тоа е еден од најчестите сонови. Многумина од нас мислат дека овој сон означува потрага по сродна душа која некаде постои и чека само на нас. Сепак, тоа не е вистината. Непознатите особи на кои често не можеме да им ги видиме лицата во нашите соништа немаат такво големо значење како што ние сакаме да веруваме. Мистериозните љњубовници во соништата го изразуваат нашето одушевување со квалитетите кои го имаат претставниците од спротивниот пол.

СЕКС СО БИВША/БИВШ

Дури и после многу години по раскинувањето, вашиот бивши или бивша партнерка може да ви дојде во сон. Но не го толкувајте тоа како можност да бидете повторно заедно. Зад овој вид на сон главно се крие потребата повторно да го оживеете сексуалниот живот. Сте сонувале интимен однос со бившата која ви го скршила срцето? Тоа би можело да биде знак дека емоционално сте заглавени и дека не можете да направите чекор напред. Овие соништа се јасен сигнал дека не сте ја преболеле целосно и дека таа приказна не сте ја оставиле за себеси.