Домино компирчиња: крцкаво совршенство со прекрасен вкус

Потребни состојки:

  • 5 средни компири тенко исечкани
  • 100 г растопен путер
  • 1 лажичка сенф
  • Пармезан рендан
  • Сол и мелен црн пипер

Постапка:

Наредете ги исечканите компири како домино во тавче за печење, обложено со хартија. Премачкајте ги со растопен путер и сенф кои претходно со мешање сте ги соединиле. Колку повеќе путер користите толку покрцкави ќе бидат. Сол и црн пипер по вкус, а исто така и пармезан. Се печат во рерна на 190 степени околу 25-30 мин.