Многумина не одат навремено на лекар и обично ги игнорираат симптомите на доста сериозните болести. Кашлицата е една од тие симптоми, а нејзиното траење (краткотрајна, долготрајна или хронична) може да открие за каков проблем всушност станува збор.

1.„Обична“ настинка или грип – од 1 до 2 седмици

Класична продуктивна т.н. влажна кашлица проследена со течење нос, воспалено грло, главоболка, кивање и температура, најчесто е последица од настинка или грип.

2.Бронхитис – до неколку седмици

Кратко и исцепкано кашлање кое тешко се смирува е еден од знаците на бронхитис. Започнува благо па често немате чувство дека станува збор за потешка болест како што е бронхитисот, туку само обична настинка, но после некое време се развива во тешка и болна кашлица проследена со искашлување на слуз со различна боја (зелена, жолта, кафеава..). Задолжително посетете лекар за да утврдите дали станува збор за бронхитис предизвикан од бактериска инфекција, бидејќи во тој случај ќе ви биде потребно лекување со антибиотик.

3.Воспаление на белите дробови – до месец денови

Кога постои инфекција поради вирус, бактерија или габа, се јавува специфична кашлица проследена со отежнато дишење и т.н. краток здив. Ако покрај ова искашлувате безбојна слуз, се чувствувате многу уморно и имате благо повишена температура, голема е веројатноста дека сте добиле воспаление на белите дробови и затоа што послоро мора да посетите лекар.

4.Астма – хронична кашлица

Кај астма се стегаат дишните патишта па лицето поради ова отежнато дише, чувствува стегање во градите и т.н. свирење во плуќата проследено со напад на сува кашлица. Белите дробови имаат подобар проток на воздух во текот на денот и доцна попладне па до вакво кашлање доаѓа наутро, навечер или во текот на ноќта.

5.Гастроезофагеален рефлукс – хронична кашлица

Киселините кои од нашиот желудник се враќаат во хранопроводникот може да бидат причина за сува кашлица. Тоа често се случува после обилен оброк или кога ќе легнете после јадење, бидејќи тогаш киселините се излеваат. Ако кај себе сте забележале поврзаност на кашлицата со желудочни проблеми, тогаш обратете се на лекар бидејќи имате проблем со рефлукс и внимавајте на храната која ја јадете и пиете пред спиење, бидејќи таа ја влошува состојбата.

6.Болест на штитната жлезда (хронична кашлица)

Ве следи упорно суво кашлање, сте ги направиле сите стандардни прегледи а докторите не успеале да ја пронајдат причината за вашите проблеми? Тогаш проверете ја состојбата со штитната жлезда, бидејќи кашлицата е еден од честите симптоми при проблеми со оваа жлезда, особено ако е проследена со чувство на стегање или болка во грлото (гушење).