Доктор смислил ефикасна диета со која за 5 дена се слабее 10 кг!

За своите пациенти еден кардиолог осмислил диета со која за кратко време ќе ослабат многу. Истата диета можат да ја држат и здрави лица доколку сметаат дека имаат вишок килограми. Со овој посебен план на исхрана за само пет дена може да изгубите и до 10 килограми, доколку во дневната рутина воведете барем 30 минути физичка активност.

ПЛАН НА ИСХРАНА ЗА ПЕТ ДЕНА

ПОЈАДОКОТ за секој ден е ист: 1 плод овошје (портокал, круша, праска, било што освен банана и грозје)

ПРВ ДЕН

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, чаша од 200 мл јогурт

Вечера: 2 домати или 200 мл готвен домат, 2 тврдо варени јајца, 2 двопек, ½ краставица или малку зелена салата.

ВТОР ДЕН

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 шолја јогурт

Вечера: 125 г варено говеско, 1 домат, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер.

ТРЕТ ДЕН

Ручек: 1 варено јајце, 1 портокал, 1 чаша јогурт, 1 краставица или малку зелена салата.

Вечера: 125 г варено говедско, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја чај или кафе без шеќер.

ЧЕТВРТ ДЕН

Ручек: 125 г кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек

Вечера: исто како претходниот ден.

ПЕТТИ ДЕН

Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек.

Вечера: 500 г варен морков, компир или грашок.

НАПОМЕНА: Месото или зеленчукот гответе ги без сол или користете многу малку. Направете пауза со диетата 6. и 7. па продолжете со диетата осмиот ден.

Алкохолот во овој режим на исхрана е СТРОГО забранет.

Сите овие намирници може да се консумираат топли или ладни, но важно е да се консумираат според дадениот редослед и ништо да не се пропушти.

Ако не ја консумирате храната според редоследот или доколку заменете само една состојка со друга, нема да го постигнете сакниот ефект.

Срцевите болни мора да посетат кардиолог пред да ја применат оваа диета или било која друга диета.

Искуство од наша читателка, Рада:

Со оваа диета ослабев преку 12 килограми. Ја држев трипати по пет дена (3х5 дена), со тоа што во сабота и недела јадев нормално, па дури каснував и по некое колаче. После тие 15 дена, односно три седмици, секој го понеделник продолжувам на овој начин:

Појадок: лимонада без шеќер, ручек двопек и едно јаболко, вечера 1 варено јајце, 1 домат и 1 двопек. Килограмите не ми се вратија!