Понекогаш во животот ни се случува ненамерно да апстинираме од секс. Раскинување на врската, патувања, болест на партнерот, презафатеност и други фактори, може да го стават нашиот сексуален живот во „мирување“.

Меѓутоа, сексуалната апстиненција може да има големо влијание врз нашето ментално, емоционално и физичко здравје.

Намалување на сексуалниот нагон

Доколку подолго време немаме секс, многу е веројатно дека сѐ помалку ќе сакаме да имаме секс. За време на сексуалниот однос, телото се преплавува со ендорфин, што не прави да се чувствуваме убаво и ни помага да го поврзуваме сексот со позитивни чувства. Апстиненцијата ќе ја намали оваа врска, а со тоа ќе се намали и нашата желба за секс.

Повеќе стрес

Недостатокот од редовен секс може да доведе до зголемено ниво на стрес. Едно истражување од 2006 година, објавено во „Biological Psychology“ покажало дека сексуалниот однос е поврзан со подобри ментални и физички перформанси и пониско ниво на стрес.

Луѓето кои немале редовен секс покажувале поголем скок на крвниот притисок за време на стрес, во споредба со луѓето кои имале секс, што значи дека сексот служи како механизам за полесно справување со стресните состојби.

Намалена самодоверба

„Застојот“ во нашиот сексуален живот може да нѐ натера да се чувствуваме помалку посакувани и тажни. Истражувачите веруваат дека спермата има антидепресивни својства кои можат да го отстранат чувството на депресија.

Спермата содржи повеќе хормони, меѓу кои тестостерон, естроген, ФСХ (фоликул стимулирачки хормон), лутеинизирачки хормон, пролактин, и неколку различни простагландини ,што се откиени во крвотокот на жената во рок од еден час откако била изложена на сперма.

Едно истражување од 2002 година пoкажало дека жените кои имале секс без кондом биле помалу депресивни, додека депресивните симптоми и обидите за самоубиство кај жените кои користеле кондом биле пропорционални со зачестеноста на употребата.

Можно е дека спермата ги намалува депресивните симптоми кога вагината ќе ги апсорбира компонентите од спермата.

Намалена интелигенција

Помалку секс може да се претвори и во пад на интелигенцијата. Едно истражување од 2013 година покажало дека сексот ја зголемува неврогенезата – создавањето на нови неврони во мозокот и ги подобрува когнитивните функции.

Ова се случува бидејќи сексуалното доживување доведува до раст на клетки во хипокампусот – дел од мозокот кој е од витална важност за долгорочната меморија. Сексот потенцијано може да помогне да се спречи влошување на состојбата што води до губење на меморијата и деменција.

Намален имунолошки систем

Недотатокот на секс може да не направи повеќе склони кон настинки и други болести. Според едно истражување од 2004 година, редовниот секс може да го подобри имунолошкиот систем.

Истражувачите ја оценувале јачината на имунолошкиот систем на учесниците во истражувањето преку мерење на нивото на имуноглобулин А (ИгА)– антиген што се наоѓа во плунката и мукозните обвивки.

Тој е првата одбрана против настинките и грипот, бидејќи се врзува со бактериите кои го напаѓаат телото, а потоа го активира имунолошкиот систем за да ги уништи. Учесниците во истражувањето кои почесто имале секс имале и значително повисоко ниво на ИгА от тие кои немале секс.

Еректилна дисфункција

Апстиненцијата може да ја зголеми веројатноста од појава на еректилна дисфункција (ЕД) кај мажите. Едно истражување од 2008 година покажало дека кај мажите кои изјавиле дека имаат секс еднаш неделно веројатноста да развијат ЕД била за половина помала од мажите кои поретко имале секс.

Истражувачите во рок од пет години следеле повеќе од 900 мажи на возраст од 50, 60 и 70 години и се покажало дека редовната сексуална активност ја одржува ерекцијата на ист начин како што вежбањето го одржува аеробниот капацитет на телото.

Редовниот секс може да го намали ризикот од ЕД дури и на постари години.