Дишете слободно – воздухот во Скопје и Македонија ЧИСТ

Ветерот и дождот го расчистија воздухот во Скопје, па и поголемиот дел од Македонија.

Во текот на минатата ноќ, облачноста насекаде се зголеми и на запад и југозапад има локални врнежи од дожд додека на високите планини снег.

Денес под влијание на циклонска активност, најпрвин на запад, а до попладневните часови во поголемиот дел од државава ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ на запад и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на некои места ќе има удари од околу па и преку 80 км/час. На високите планини ќе врне снег и ќе се формира снежна покривка.

Вечер, усллови за послаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од околу па и нешто под 1000 м.н.в и тоа претежно на запад. Исто така не се исклучува можноста и за локални грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот утре (четврток) ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Извор на фото: Апликација “Мој Воздух”