Диета, недостиг на сон и пилули – 7 работи поради кои ја губите желбата за секс

Не грижете се, вашиот избор на партнер е можеби вистинскиот, но поради овие важни фактори немате желба за сексуална активност со него!

Иако љубовта е најважната работа во една врска, страста исто така игра многу важна улога.

Кога ќе исчезне страста, со текот на времето избледува и љубовта, а веруваме дека никој од вас тоа не го присакува за себе и својот партнер. А доколку сте забележале дека во вашата врска има се помалку у помалку страст, можно е самите да сте виновни за тоа, односно некои ваши лоши навики и здравствени проблеми. Ова се седум можни начини со кои ја убивате страста во вашата врска:

ДИЕТА

Ако не јадете доволно и постојано сте гладни, може да се случи и либидото да ви опадне. Со намален внес на калории во организмот се намалува нивото на енергијата, што може да предизвика и намален „апетит“ за оние работи.

НЕДОСТИГ НА СОН

Доколку спиете помалку од пет часа на ден, доаѓа до намалување на нивото на тестостеронот (машкив полов хормон), што доведува до намалена сексуална потреба. Недостигот на сон е одговорен и за намалување на женското либидо.

КОНТРАЦЕПТИВНИ ПИЛУЛИ

Спроведената студија од пред две години ги потврдила сомнежите дека контрацептивните пилули кај жените ја намалуваат желбата за секс.

ПРЕЈАДУВАЊЕ

Доколку сте склони на прејадување, тогаш сте свесни дека за жешки игри во постела – не може да стане збор. Имено, со внесување на намирници кои содржат премногу заситени масти, директно влијаете на помал доток на крв во половите органи.

СТРЕС

Во едно истражување дури 60% од жените откриле дека уморот и стресот се главни виновници за намалена сексуална желба. Истата причина се споменува и кај намалена сексуална желба кај мажите.

ДЕПРЕСИЈА

Оваа ментална состојба во голема мера влијае врз либидото на особата. Дури 70% од испитаниците кои ја искусиле оваа состојба, изјавиле дека депресијата им ја намалила желбата за секс, а утврдено е дека и некои антидепресиви се одговорни за сексуална дисфункција.

АНЕМИЈА

Кај жените може да се случи анемијата да биде виновник за помала потреба за секс. Решението е во поголем внес на железо во организмот.