Во текот на оваа диета се јаде само сирово овошје, зелечнчук, ‘ркулци, семки и јаткасти плодови, плус здрави масла и мед. Се пие само вода, свежи сокови и смуди.

Добрата страна на оваа диета е дека може да се држи по желба: 3, 7 или 10 дена. Како бројот на деновите за држење на диетата ќе влијае врз вас?

Еве вака:

ДИЕТА ОД 3 ДЕНА

Диетата од 3 дена ќе ја намали подуеноста на вашиот стомак, ќе добиете нова енергија и ќе ослабете до 3 килограми.

ДИЕТА ОД 7 ДЕНА

Диетата од седум дена ќе му помогне на вашето тело да се чувствува полесно, умот ќе ви биде побистар и ќе имате повеќе енергија. Ќе ослабете до 5 килограми.

ДИЕТА ОД 10 ДЕНА

Диетата од десет дена ќе биде доволно време за видливо да ви се промени фигурата, да се забележат промени на кожата и плус ќе изгледате многу помладо и посвежо. Ќе ослабете до седум килограми.

Секако, губитокот на килограми зависи од вашата почетна тежина: колку е поголем вишокот, толку повеќе ќе ослабете.

ПРАВИЛА ЗА ДИЕТАТА ОД 3,7 ИЛИ 10 ДЕНА:

ПОЈАДОК: Совршено време за појадок е меѓу 7 и 9 часот.

Започнете го денот со две чаши вода и малку свежо исцеден сок од лимон за да го исчистите организмот. Пијте полека за да ја помогнете апсорпцијата на хранливите материи.

Потоа исцедете свеж сок од овошје по ваша желба или комбинација.

РУЧЕК: Совршено време за ручек е помеѓу 12 и 14 часот.

Ова би требало да биде најобимниот оброк во текот на денот со многу темнолистест зеленчук, салата, ‘ркулци и зеленчук.

ВЕЧЕРА: Совршено време за вечера е помеѓу 18 и 20 ласот.

Златно правило е никогаш да не јадете после 20 часот навечер. Што и да издете после ова време, останува во вашиот организам, се ферментира, се претвора во масти и го поттикнува дебелењето.

Вечерата е време кога треба да јадете здрави масти за да му озовможите на организмот да се регенерира и исцели додека спиете. Во овој оброк додадете семки, лесни преливи за салата и јаткасти плодови.

Во текот на денот пијте најмалку два литри обична вода, распоредена во текот на денот.