Децата не смеат до доцна да остануваат будни – последиците се трајни

Адолесцентите кои природно се склони да остануваат будни долго во ноќта, имаат поголеми шанси да патат од несоница и да имаат емоционални проблеми во однесувањето, за разлика од врсниците кои порано си одат на спиење – покажало неодамнешното истражување.

Научниците во ова истражување опфатиле 4.948 ученици од средни училишта во Хонг Конг на возраст од 12 до 18 години и ги испитувале за навиките кои ги имаат за спиење, како и за психичкото и менталното здравје. 23% од нив имале ноќен ритам на живеење, односно природна склоност за доцна легнување во кревет. „Ноќните птици“ имале 88% поголеми шанси за емотивни проблеми и проблеми во однесувањето, за разлика од другите тинејџери и 25% поголеми шанси за лошо ментално здравје.

Околу две третини од тинејџерите опфатени со ова истражување се вбројуваат во група т.н. преоден тип, што значи дека не се ниту ноќни птици, ниту си легнуваат многу рано. Околу 9 % од испитаниците биле утрински типови, односно рано си легнувале. Меѓу ноќнобдејците околу 11% имале потешкотии со заспивање и одржување на непрекинат сон. Поголемиот дел од ноќнобдејцијте, околу 22%, исто така се жалеле на лошо ментално здравје во споредба со околу 15% други тинејџери како и на емотивни и други проблеми во однесувањето – 38% во однос на 24%.

СОВЕТИ ДО РОДИТЕЛИТЕ

Ограничувањето на студијата е тоа што научниците се потпирале на проценката на самите тинејџери за квалитетот на нивното спиење и за другите здравствени проблеми, што не мора да биде точно – се наведува во самата објава во стручното списание. И покрај тоа, студијата нуди нови докази во однос на краткиот сон и лошиот квалитет на сонот, како и за емотивните проблеми и проблемите во однесувањето кај тинејџерите.

Родителите можеби не можат да го променат биолошкиот часовник на своите деца, но можат да преземат чекори за децата подобро да им спијат. Целта е да се осигура да нема други фактори кои би можеле да ја влошат предиспозицијата за доцно легнување, предизвикувајќи на тој начин уште понеквалитетен сон. Клучот е 30 минути пред спиење да се одбегнува изложеност на извори на светло, особено од електронеските уреди.