Топлото време е совршено време за детоксикација на организмот и опоравување од тешка мрсна храна во која уживавме во текот на зимските месеци. Сок од цвекло и целер е најлесниот начин да се исчисти вашето тело и тоа за само 42 часа.

За подготовка на овој сок потребно ви е:

50 грама цвекло

20 грама целер

20 грама моркови

30 грама компири

1 ротквица

200 мл вода

Подготовката е едноставна. Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте се додека не добиете сок со текстура каква што вие сакате. Сокот се пие два пати на ден.

Овој сок е одличен за целиот организам затоа што ги содржи витамините Б1, Б2, Б6 и витамин Ц, антиоксиданти, фолна киселина, и минерали како што се фосфор, калиум, калциум, магнезиум, цинк, натриум, и железо.

За да се зголеми влијанието на детоксикација, отстранете ги сите штетни материи од исхраната додека го пиете сокот.

Тука спаѓаат и алкохолот, цигарите, рафинирани шеќери и заситени масти.

Важна препорака

Доилки, деца, луѓе кои страдаат од хронични дегенеративни заболувања, рак или туберкулоза не би требало да прават детоксикација. Доколку се сомневате дека постои некоја причина поради која детоксикација вам не би ви одговарала, обратете се кај вашиот лекар за совет.