Белите дробови се едни од најважните органи бидејќи се одговорни за вдишување и чување на кислород, а издишување на јаглерод диоксид од организмот преку нос.

Ако носот е блокиран поради слуз, тоа директно влијае врз белите дробови, бидејќи се во неможност да си ја завршат работата како што треба.​

Слузта е лизгава секреција која ја произведува нашето тело во голема количина, до 1 или 2 литри слуз секојдневно.

Ние обично ја исплукуваме, но кога едно лице страда од настинка или алергија, слузта има тенденција да ги блокира дишните патишта и може да додје до општа непријатност.

Тоа е нормално, иако непријатно, но ако трае подолго може да стане сериозен проблем, особено ако се појави зеленкаста слуз или крв измешана со слуз.

Дали знаевте дека можете лесно да се ослободите од слузта во белите дробови и тоа на природен начин?

Еве како се приготвува лекот. Потребни состојки:

– Ѓумбир

– Јаболкова киселина

– Кокосово масло

– мед​

Начин на подготовка:

Едно парче свеж ѓумбир исечкајте го на парчиња во сад полн со вода. Следно, се остава да зоврие, па тргнете го од оган и оставете го 15 минути. Кога ќе излади складирајте го во стаклен сад и чувајте во фрижидер.

Секогаш кога ќе почувствувате гушење, само додадете 1 лажичка мед, 1 лажица јаболков оцет и 1 лажица масло од кокос во приготвениот напиток и испијте го. Во рок од 2 часа вашите бели дробови ќе бидат чисти!