На сите нам ни е познато болното чувство во зглобови. Обично болката ја чувствуваме во колената, рамењата, лактите. Се чувствуваме скршено.

Оние што го пробале тврдат дека овој рецепт е навистина делотворен и помага веќе после првото нанесување.

Потребни состојки:

-мед

-сенф (најдобро, лут)

-сол

-сода бикарбона

Од сите состојки по една супена лажица.

Постапка:

Добро промешајте за да добиете хомогена смеса. Ставете во празна кутија од крем или некоја друга амбалажа. Тоа ќе биде вашиот спасоносен крем.

Болното место добро намачкајте го со овој крем и направете облога, односно ставете најлонска кеса и завиткајте со топол, волнен шал. Оставете така 1,5 – 2 часа. Процедурата е најдобро да се прави пред спиење, за да може зглобот да биде во мирување и откако ќе се извади облогата. Наутро се мие местото.

Не ограничувајте се на еден третман, повторете го 4-5 дена континуирано. Ефектот ќе го почувствувате веќе после првата процедура. После повторувајте по потреба. Кремот ќе ви биде доволен за неколку дена. Се чува во фрижидер.