Делот околу препоните најтешко се слабее – еве што треба да правите

Вишокот масти во целина е непријатна појава и предизвикува ментални нервози. Ова особено е изразено кога салото се таложи на специфични, одредени маста како што се препоните.​

За среќа, овие поткожни масти на бутот реагираат добро на физички вежби и регулирана исхрана, но мора да знаете дека ништо не се постигнува во животот без извесно жртвување.

Затоа, за да ги зацврстите вашите бутови и да го отстраните ова непријатно масно ткиво, мора да бидете дисциплинирани со вашиот избор на животен стил.

Како што веќе ви е познато, најдобриот пристап е да комбинирате одредени вежби со здрава исхрана за губење на вишокот килограми.

Ова се многу корисни совети кои ќе ви помогнат во вашиот подвиг:​

Чекор 1​

Мора да направите план на исхрана со кој ќе го ограничите внесот на калории, со цел да се создаде дефицит и да се присили вашето тело да ги согори складираните масти за енергија. Па така ќе постигнете многу побрзи резултати. Ограничувањето на калориите кај секого треба да биде индивидуално, а тоа зависи од вашите дневни потреби.

Чекор 2

Мора да имате чести но мали оброци. Ако направите големо растојание помеѓу оброците, не само што ризикувате да се прејадете, туку и ќе го успорите метаболизмот.

loading...

Но, не заборавајте дека сепак треба да има и некој разумен период помеѓу истите, зошто ако пак, постојано нешто гризете, само ќе го оптеретите дигестивниот тракт.

Значи, обезбедете три главни оброци, и 2-3 ужини помеѓу, како што рековме, да не бидат обилни, туку помали, за да го истераат гладот.

Чекор 3

Ова е многу важно: секојпат пред да седнете да јадете, ставете чаша вода пред вас. Испијте ја цела.

Исто така, обезбедете голема чинија со салата, зачинета со минимално сол и маслиново масло. Не заборавајте дека и маслиновото масло содржи многу калории!

Одбегнувајте газирани пијалаци, пржена и солена храна, алкохол и бело брашно. Пијте многу вода. Ќе успеете!