Дали знаете колку пати треба да јадете брокула?

-Откријте кои здравствени бенефити може да ви донесе консумирањето на брокулата, секој трет ден.

 

Ако редовно јадете брокула, можете да ги намалите шансите за добивање на некоја срцева болест, дијабетес тип 2 и неколку типови рак, открива новата студија.

Флавоноидите кои се наоѓаат во оваа „суперхрана“ му помагаат на телото во борба против болестите, велат научниците.

Со консумирање на брокулата секој трет ден можете да го зајакнете имунолошкиот систем и да ги спречите воспаленијата.

 

Научниците веруваат дека се на чекор од создавање на генетски модифициран зеленчук со многу поголемо количество на феноли.

„Фенолите имаат одлични антиоксидативни својства и постојат се поголем број докази дека тие се клучни против воспаленијата во организмот на цицачите“ – вели генетичарот д-р Џек Јувик од Универзитетот во Илиноис.

Луѓето чија исхрана се состои од намирници богати со феноли, имаат помал ризик од воспалителни болести.“

 

Фенолите се безвкусни и стабилни, што значи дека не ги уништува висока температура. Кога ги внесуваме, телото ги апсорбира и ги испраќа во одредени делови од телото или ги концентрира во црниот дроб.

Тие потоа се шират преку крвотокот и ги намалуваат воспаленијата со антиоксидатвни активности.

Човековиот организам сам не произведува феноли, што значи дека ги внесуваме преку исхрана. Најдобар извор се зелковидните растенија, а лекарите препорачуваат да ги јадете секој трет ден.