Умебоши или јапонската солена слива е вид на овошје кое често се нарекува слива иако по потекло е од видот на кајсијата.

Имаат исклучително солен и кисел, но малку и слаткаст вкус, па најчесто се користат заедно со јадењата од ориз, како и оризовите топчиња завиткани во Нори алга.

Се берат уште во јуни додека се зелени, и се маринираат во буриња со сол и пурпурни шисо листови од Перила од кои ја добиваат убавата црвена боја.

Во солта остануваат до крајот на август, а потоа неколку дена се сушат на сонце а преку ноќта повторно се враќаат во маринадата.

Течноста која притоа се издвојува, е убавата умебоши киселина која се користи во салати и супи.

Во традиционална Јапонија, јадењето умебоши е еквивалент на нашето „едно јаболко на ден„ за здравје и убавина. Уште во древни времиња умебошите биле ценети од страна на самураите кои ги користеле пред борбите за издржливост.

Многу јапонски народни лекови за настинки и вирусни заболувања се состојат од оризова каша, налик на нашиот сутлијач но во солена варијанта, во која додаваат умебоши.​

Оваа каша наречена конџи, ја подготвуваат на следниот начин:

Оризот го готват во вода многу долго до негово целосно распаѓање. Дури за оваа намена имаат и специјализирани садови во кои конџито се подготвува преку целата ноќ на тивка температура.

Се добива густа бела каша во која се додава исечкана умебоши слива, соја сос, парчиња сечкано тофу или парчиња исечкана риба или пилешко, а се зачинува со разни мирудии по вкус.

Може да се користи било каков вид на ориз со кратко или долго зрно, кафеав ориз, или пак да се замени со некоја друга житарка како што се просото, јачменот и сл.

Во традиционалните јапонски семејства, конџито се јаде за појадок заедно со неколку чаши зелен чај.

Исто така, умебоши сливата може да се остави да кисне во чаша со вода најмалку половина час или преку ноќта, за да се измие солта, па следниот ден да се изеде.

Или пак, сливата можете да ја ставите во вашиот зелен чај.​ Доволно е консумирање на ¼ до една умебоши слива дневно за да го одржувате вашето здравје и да ги отстраните проблемите со дигестивниот тракт.

Умебошите се нискокалорична храна со траги од калиум, натриум, манган, железо, масти, влакна, протеини и витамини Ц, А, Б1 и Б2. Во исхраната се користи поради нејзините извонредни лековити квалитети.

Поради јаболковата и лимонската киселина која е 25 пати посилна од лимонот, умебошито има силни алкализирачки ефекти, ја зголемува издрживоста на организмот, го стимулира варењето на храната и ги елиминира токсините.

Од кои болести штитат Умебоши сливите:

Претставува моќен лек за мамурлак и се смета за еден од најдобрите превентивни природни лекови.

Во еден стар јапонски медицински текст кој датира од пред околу 1000 години, наведени се многубројните бенефити и лекарства кои ги подготвувале со оваа кисела слива.

Меѓу најважните се спомнати:​прочистување на водата, совладување на заморот, ослободување на телото од токсини, при труење со храна, при дизентерија, тифус, против гадење, намалување на треска и при кашлици.

Денес умебошите најмногу се користат при:

-напади на жолчката како резултат на нетолеранција на храна

-камен во жолчката (го спречува создавањето на камења во жолчка)

-проблеми со желудникот,​

-утринска мачнина, мамурлак

-труење со храна

-замор

-лоши стомачни бактерии, ешерихија коли​

-непријатности предизвикани од цревни паразити

Умебоши сливите се:

-антиоксиданс- се борат против негативните ефекти на оксидацијата

-антибиотик- го инхибира растот на бактериите

-антисептик- ја спречува инфекцијата

-анти-дијареални- спречува и/или ги запира сите форми на дијареа

-антипаразитни- ги исфрла цревните паразити

-антивирални- помага при вирусни инфекции и состојба на треска