Уште еден од низата психолошки тестови.. врз основа на неколку клучни реченици или врз основа на една фотографија, може многу да се дознае за самиот човек, за неговите желби но и за неговите стравови.

Пред вас стојат пет ружи и доволно е да ја погледнете фотографијата и да одберете една од нив. Тоа нека биде првата која најмногу ќе ви се допадне без многу размислување.

Секоја ружа ве опишува вас. Не размислувајте премногу пред да одберете една, бидејќи така може да направите погрешен избор, па со самото тоа и решението од тестот нема да биде точно.

Па да започнеме…

Ако ја избравте ружата бр.1

Вие сте исклучително емотивна личност. Ружата број еден симболизира нежност бидејќи и самата така изгледа. Вие сте во душата едно големо дете и многу сте емотивно ранливи. Може да ве повреди и најмала ситница од причини што умеете целосно да се предадете, без разлика дали станува збор за пријателство или емотивна врска. Вашите тајни не ги откривате лесно на други луѓе бидејќи се плашите од предавство.

Семејството ви значи најмногу, но исто така, за вас голема улога игра довербата. Без доверба вие едноставно не можете да функционирате. Кога станува збор за пари, вие не сте некој кој би си ја продал душата за истите, туку како и за се’ друго, во животот се задоволувате со ситници, односно пари ви се потребни колку за еден нормален живот.

Вашата најголема желба е да ја пронајдете својата љубов од соништата, односно љубов од бајка, во која емоциите се вечни, а крајот не постои, како во оние приказните „си живееја среќно до крајот на својот живот“. Токму тоа ви е потребно, значи некој кој може да ве разбере и да ве сака и да ве прифати онакви какви што сте. Вие во љубовта сте верни и искрени и вашиот најголем проблем е што многу тешко пронаоѓате некој сличен на вас.

Сепак, вас ви е судена вистинската љубов, љубовта од вашите соништа, но за жал ќе мора многупати да се „изгорите“ и да се набодете на трн, пред да ја пронајдете вистинската ружа, односно партнерот кој е подготвен да ви даде целиот свој живот.

Ако Ја избравте ружата број 2

Ружата број 2, како и нејзината боја, симболизира љубов во секој момент и на секое место. Станува збор за општа љубов кон пријател, семејство или партнер. Лицата кои ја одбрале оваа ружа се пожртвувани во секој миг, па ако е потребно и да ризикуваат за да ги остварат своите цели.

Едноставно, луѓето кои се одлучиле за ружа број два, се подготвени на се’, само за да бидат среќни. Ништо не прават случајно ниту делумно, туку од почеток до крај, не бирајќи средства, прават се’ само да стигнат до целта. Луѓето кои ја одбрале оваа ружа за жал осудени се вечно да патат поради љубов, а желбите тешко им се остваруваат, но, сепак, на постари години ќе ја пронајдат својата вистинска љубов.

Ако ја Избравте ружата број 3

Вие сте весели и вечно безгрижни. Вашето однесување наликува на однесување на пеперутка во пролет, за секој проблем наоѓате решение бидејќи имате весела природа и за вас нема нерешливи ситуации. Вашите мисли се светли и оптимистични и за вас и кога е црно, вие поради својата весела природа на сите лоши работи гледате од поведрата страна.

Затоа што сте такви ве сакаат и другите луѓе, особено кога нив им е тешко сакаат да сте покрај нив за да ги утешите и расположите. Исто така, вие сте во состојба да ги решавате и туѓите проблеми исто како да се ваши.

Пријателите ве сакаат а познаниците ве обожуваат и секогаш би сакале да се во ваше друштво.

Вашата најголема желба е да успеете во кариерата. Многу вложувате во вашето образование и се грижиде дали ќе бидете успешни во вашата професија, онолку колку што сте успешни и во другите сфери од вашиот живот.

Со оглед на тоа дека многу вложувате во себеси, има големи шанси дека имате бројни успеси во вашата кариера. Единствено, не треба да заборавите дека покрај парите и успехот, важно е во животот да имате и љубов.

Ако ја Избравте ружата број 4

Вие никогаш нема да бидете сигурни дали вие ја избравте ружата или ружата ве избрала вас. Оваа ружа го открива вашиот тежок карактер, односно покажува права емотивна состојба кога вие сте во прашање. Вашето срце било рането, па затоа сте ја одбрале ружата која изгледа како тукушто да започнала да поцрнува, односно да се суши.

Како да сте изгубиле волја за животни радости и делувате како сите лаѓи да ви потонале. Околу вас се’ е црно, а вие се однесувате уште полошо. Не смеете така да се однесувате и да се плашите од утрешниот ден. Тоа ви е голема грешка без разлика на моментната ситуација, треба да зачините со малку оптимизам.

Ако сте одбрале ружа под број четири, вашата најголема желба е да го промените ставот кон светот и околината, односно да престанете да бидете песимист и на се’ да гледате црно. Односно, вие во животот сте пателе доволно, па имате чувство како судбината да си поигрува со вас и се’ е против вас.

Но, ако не го промените вашето однесување и не внесете малку оптимизам во секојдневниот живот, вашата желба за подобри денови ќе биде се подалечна и неостварлива. Сами ја кроите своите судбина и се’ е во ваши раце!

Ако ја избравте ружата број 5

Оваа ружа го претставува вашиот развој и напредок во секоја смисла. Се’ она што досега тапкало во место, сега ќе се промени. Вие ќе процветате буквално како ружа. Ќе ви се укажат големи шанси за напредок и ќе ви се отворат големи патишта у ќе ви бидат понудени големи шанси.

Вие одлучувате по кој пат ќе тргнете и што ќе одберете од понуденото. Со оглед дека сте подготвени да се борите, а доволно способни и храбри, имајте на ум дека ништо не е невозможно!

Најголемата желба на личноста која ја одбрала ружата под број 5 е да се оствари во семејството.

Вие сте воспитани така што вам семејството ви е приоритет, а домот за вас е храм, така што целиот свој живот вие трагате по сродна душа со која ќе остварите љубов од бајките.

Потомството ви е најважно, така што сите ваши желби ќе се исполнат онаа секунда кога ќе станете родител.

Реално гледано, вие од животот не барате многу, но имате доста од тоа што ви е потребно, па останете така ведри како што сте, не се менувајте. И што е најважно – никогаш не ја губете верабата во себеси!