Дали луѓето што носат очила се поинтелигентни од останатите?

Интелигентните луѓе 30% почесто носат наочари или се генетски предодредени да ги носат во иднина.

Експертите од Универзитетот во Единбург направиле истражување чии резултати од опсежниот проект чија цел било утврдување кое гени влијаат врз „општата когнитивна функција“, што е клучен показател за интелигенција. Еден од резултатите укажува дека луѓето со поголема когнитивна способност – почесто носат очила или контактни леќи.

Научниците анализирале 300.486 лица на возраст од 16 до 102 години, а резултатите се објавени во списанието Nature Communications.

Откриено е дека со интелигенција се поврзани 148 гени, а интелигентните луѓе за 30% почесто носат очила или контактни леќи или се генетски предодредени да ги носат во иднина. Студијата покажала дека позитивната врска на интелигенцијата со видот се однесува само на луѓе со миопија или кратковидост. Иако генерално е утврден односот помеѓу интелигенцијата и носењето на очила, луѓето со поголема когнитивна функција се поретко далекувиди.

Студијата исто така укажува на врската помеѓу високите когнитивни способности и здравствените проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, хипертензија и депресија.

Без разлика на научните докази, во пракса во некои работи клиентите повеќе им веруваат на луѓето кои носат очила, бидејќи им влеваат доверба и воопшто ги сметаат како подобри професионалци. Исто така, во едно испитување 40% од „здрави“ испитаници рекле дека би носеле очила доколку тоа им обезбеди работно место.