Интересната билка Анѓелика (Angelica archangelica), во народната медицина се користи долго време. Поради својот ароматичен вкус, одамна е позната како храна, зачин, но и лек.

Во градините на средновековните калуѓери, се одгледувала како една од главните лековити билки, а пред се како средство против чума. Според легендата, благородноста во лечењето на чума која тогаш брзо се ширела низ Европа, ја открил

Архангел Михаил, по кого и го добила името. Познато било дека го смирува и нервниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век.

Се препорачува и за заздравување од анорексија и изнемоштеност. Билката се користи и против реума, болести на црниот дроб, жолчката, како и против менструалните болки.

Анѓелика е делотворен експерторанс, бидејќи го поттикнува секретот кај дишните органи. Во нејзиниот состав има масло кое делува против воспаление и ги уништува инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згрутчувањето на крвта, затоа се препорачува при лекување на тромбоза.

Чајот од оваа благородна билка е корисен за желудникот, прочистување на крв и бешиката. Ги ублажува грчевите во стомакот и хемороидите.

Производите од билката Анѓелика, не се препорачуваат за време на бременост и доење. Исто така, не е препорачлива за дијабетичари, како и за пациенти кои користат лекови против згрутчување на крвта.

При користење на билката треба да се избегнува подолг престој на сонце, бидејќи е фитотоксична.

При терапевтската терапија билката Анѓелика се користи како течен екстрат, тинктура, етерично масло или сув корен за чај. Дневно се зема 1,5 – 3 г екстакт, а како тинктура, две до три дози од 20 капки растворени во малку вода, непосредно пред оброкот.

Познавачите на народната медицина, препорачуваат Анѓелика како етерично масло да се користи два до три пати по три или најмногу четири капки.

Од ангеликата се собира листот, подземниот израсток со коренот и плодот.

Листовите се собрираат напролет кога цути, од јули до крајот на август, а коренот на есен.

СОДРЖИ: смола, восок, горчливи материи, органски киселини, гликозид, кумарин, шеќер, етерско масло, ангелицин и др.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Ангеликата е позната уште многу одамна и се употребува за лекување на бубрези, срце, дишни органи, стомачни заболувања, чир на желудник и дванаестопалечно црево, против гасови во стомакот, за подобрување на апетитот, против заразни болести како што се чума и колера и др.

Се приготвува на следниот начин: една кафена лажица сув корен или лист се попарува со 200 мл зовриена вода. Садот се поклопува и се остава да стои 20-30 минути, а потоа се цеди. Се употребува 1-3 чаши на ден, пред јадење.

ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КРВТА И ЦРЕВАТА, ПРИ ДИЗЕНТЕРИЈА, ГРЧЕВИ ВО СТОМАКОТ, ХЕМОРОИДИ И БРОНХИТИС: 20-30г корен од ангелика се меша со половина литар вода и половина литар вино, се вари 3-5 минути се процедува и се пие 1-3 мали чаши на ден.

Доколку во 1 литар вино од ангелика се покиснат 3-4 ливчиња од пелин, помага при рак на желудник. Се пие секое утро по 1 ракиена чашка.

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА АПЕТИТОТ И ОСВЕЖУВАЊЕ: 5 г плод и 5 г корен од ангелика, се попарува со 100 мл зовриена вода и се остава поклопено да стои 2 часа. Се пие по 1 мала чашка (100 мл) 3 пати на ден пред јадење.