Освен што го намалува нивото на лошите масти во телото, овој чудотворен напиток го чисти телото од токсини и ја подобрува циркулацијата.

Магдоносот во секојдневното приготвување на храната се додава како подобрувач на вкусот, но всушност е одличен сојузник на вашето здравје.

Содржи две групи посебни состојки, многу важни за здравјето – природни етерични масла и флавоноиди.

Покрај тоа, претставува одличен извор на витамин Ц, А, и К, па се препорачува да го зголемите консумирањето на оваа билка, особено во периоди на грип и настинки.

Исто така, листот од магдонос се покажал како одлично средство за поттикнување за излачување на штетните материи од нашиот организам и подобра циркулација.

Но, ако на чудотворниот магдонос му додадеме и лимон, вода и малку сода бикарбона, добиваме моќен напиток кој го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта!

Потребни состојки:

1,5 литар вода
3 китки магдонос
1 кг лимон

малку сода бикарбона за чистење на лимонот

Постапка:

Лимоновата кора добро протријте ја со сода бикарбона за да ја отстраните нечистотијата. Најдобро е да користите органски лимон, но доколку немате ќе послужи и купечкиот.

Водата сварете ја и оставете ја да излади.

Лимонот исечете го на парчиња, а магдоносот исечкајте го ситно и додадете го во ладна вода. Поклопете и оставете да отстои во фрижидер еден ден.

На крај сето убаво измиксајте го во блендер и складирајте во стаклен бокал или тегла или шише.

Секојдневно пијте по 100 мл и нема да верувате со која брзина ќе го намалите нивото на холестеролот!