Потребни состојки:

2 страка праз

1 главица кромид

300-400 г компир

Сол, црн пипер, ловоров лист

½ лимон сол

1 лажица брашно

Постапка:

Загрејте малку вода, додадете ситно сечкан праз, кромид и варете додека зеленчукот да омекне.

Додадете компир исечен на коцки, сол, црн пипер, ловоров лист, па сето прелијте го со еден литар вода. Гответе околу 45-50 минути поклопено на умерена температура.

Тргнете од оган, додадете една лажица брашно разматено во малку водичка и вратете да се довари уште 5 минути.

На крај зачинете со лимонов сок.

Доколку сакате да добиете крем чорба, смесата изматете ја во блендер или со рачен миксер.