ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ: сите состојки се мешаат, се полнат калапите и се пече за 15 минути

Фото и рецепт: Марија Васиќ

Потребни состојки:

2 шолји (200 мл) брашно

¾ шолја шеќер (една шолја, но да не е полна, или помалку, кој како сака)

1 јајце

2 лажици какао

½ шолја масло

1 шолја млеко

100 г чоколадо искршено

Суво грозје или ореви, лешници по желба (не мора, не се содржат во основниот рецепт)

Постапка:

loading...

Сите состојки се машаат заедно во еден сад, па со лажица ги полниме со путер намастените калапи, ако се силиконски нема потреба од намастување или хартиени корпички.

Калапите не се полнат до врв, туку до половина или малку повеќе.

Се печат на 180 степени околу 15-20 минути во зависност од рерната.

Фото и рецепт: Марија Васиќ