Чоколадна торта со цимет – ќе уживате во секој залак

Потребни состојки:

4 јајца

Цимет

225 г шеќер

100 г брашно

75 г густин

2 мали лажички прашок за печиво

1 супена лажица мелени лешници

5 мали лажички какао

7 мали лажички рендано чоколадо

50 г путер

8 листови желатин

200 мл млеко

50 г чоколадо

150 мл чоко-јогурт

800 мл хопла

2 мали лажички зацврнувач за шлаг

Постапка:

1.Рерната загрејте ја на 180 степени.

2.Изматете ги јајцата, половина лажичка цимет, четири лажици вода и 175 г шеќер.

3.Помешајте: брашно, густин и прашок за печиво, па просејте преку кремот. Додадете ги и мелените лешници, лажица какао и лажица рендано чоколадо. Додадете го и омекнатиот путер, па замесете.

4.Смесата излијте ја во калап (26 см) обложен со хартија за печење. Печете околу 30 минути.

5.Извадете, тргнете ја хартијата и изладете. Бисквитот двапати пресечете го надолжно (да добиете 4 кори).

6.Долната кора фиксирајте ја со прстенот. Растопете го желатинот. Загрејте го млекото (да не зоврие), додадете му ½ лажичка цимет, 50 г шеќер и чоколадо. Додадете го желатинот и помешајте (чоколадото треба да биде растопено), па оставете малку да се излади.

7.Чоко-јогуртот додадете го во сеуште млаката смеса. Изматете 600 мл хопла, па соединете со смесата.

8.Со 1/3 од добиениот крем, премачкајте ја долната кора, па покријте со втората кора, па повторно премачкајте со 1/3 од кремот. На тој начин наредете ги сите кори.

9.Тортата треба да се лади најмалку 4 часа. Извадете го прстенот од калапот. Измешајте ги зацврстувачот за шлаг и прстофат цимет со лажица какао и 200 мл хопла. Матете, па со овој крем тортата премачкајте ја одозгора и од страните. Украсете со две лажици рендано чоколадо.

По желба можете да ја украсите тортата со уште чоколадо или со мелени бадеми и лешници, или пак со шлаг од чоколадо.