Чајот на Бројс против кашлица – 100% проверено!

Луѓе, немојте да бидете гадливи како јас па да одбиете да го пиете овој чај, ама кога човек е во зорт, сешто ќе проба. Рецептот е според Рудолф Бројс, проверен многупати и што е најважно, ефикасен е 100% – ни порачува наша читателка.

Потребни состојки:

2 главици црвен кромид со величина на јајце

1 литар вода

100 г кафеав шеќер

Постапка:

Кромидот не се лупи, туку само се мие, па се става во литар вода со шеќер да се вари (шеќерот го неутрализира вкусот и мирисот на кромидот).

Кога ќе зоврие водата варете уште 15 минути

Јас го варев за себе без шеќер и кога чајот малку се смлачи додадов малку мед.

Употреба:

Чајот се пие млак или ладен и тоа голтка по голтка. Брзо поттикнува искашлување и престанок на кашлањето откако ќе се исчисти слузта. Се препорачува и кај бронхитис.