Верувале или не, но и ова е можно! Овој феноменален чоколаден колач ќе ви стане ваш омилен десерт затоа што пред се е многу евтин, а готов е само за неколку минути, а на крајот е многу вкусен! Уживајте во овој суперколач!

Потребни состојки:

4 јајца

240 г чоколадо

Постапка:

1.Рерната загрејте ја на 170 степени. Намастете калап со димензија 15х18 см.

2.Од јајцата кои биле на собна температура, раздвојте ги жолчките од белките. Чоколадото ситно исечкајте го.

3.Чоколадото стопете го на пареа.

4.Белките изматете ги во цврст шам.

5.Измешајте го растопеното чоколадо со жолчките.

6.Смесата со чоколадо полека и внимателно додадете ја во една половина од шамот и промешајте.

7.Постепено додавајте го и остатокот од шамот, па внимателно размешајте со лажица за да остане воздушесто.

8.Смесата истурете ја во калап и благо потчукнете за да излезат меурчињата.

9.Печете го колачот околу 30-40 минути. Проверете со чепкалка дали колачот е печен. Кога ќе биде изладен, извадете го од калапот. Не се грижете ако колачот испукал или го намалил волуменот.

10.Пробајте, ќе се изненадите колку е вкусен.