Потребни состојки:

500 г меко брашно

1 јајце

250 мл вода

½ коцка квасец

3 лажици масло

1 лажица шеќер

1 лажица сол

За премачкување:

200 мл кисела павлака/цврст јогурт

1 јајце

1 лажица масло

Оригано/власец/сол

100 г кашкавал

Постапка:

Од наведените состојки замесете меко тесто и оставете го да кисне еден час.

Тестото е доста меко па набрашнете ја добро површината на која ќе ги формирате лепињите, отприлика 10-12 парчиња.

Секоја лепиња премачкајте ја со смеса од јогурт и јајца, зачини, па наросете рендан кашкавал.

Оставете ги да отстојат 10 минути, па печете ги на 220 степени, околу 10 минути во претходно загреана рерна.

Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.