Брз КОЛАЧ со ГРИЗ: вкусен и едноставен

Потребни состојки:

4 листови кори за пита

1 литар млеко

200 мл масло

Парче путер

375 г пченичен гриз

4 јајца

500 г кисела павлака

4 лажици шеќер

За шербет:

800 г шеќер

loading...

600 мл вода

1 ванилин шеќер

Постапка:

Сварете го млекото со 200 мл масло и малку путер и 4 лажици шеќер.

Тргнете од оган и додадете 375 г гриз, постојано мешајќи.

Кога смесата ќе излади, додадете изматени јајца и кисела павлака. Добро промешајте.

Намастете го плехот, па ставете 2 кори така да преминуваат преку рабовите на плехот, а на дното ставете уште една кора. Истурете го филот преку корите, прекријте со корите што излегуваат преку работ и одозгора ставете уште една кора.

Печете на 200 степени околу 40 минути. Печената пита изладете ја.

Потоа прелијте со врелиот шербет: провријте ја водата со шеќер и ванилин шеќер.

Пред служење добро изладете.