Божествен десерт: Едноставен рецепт за кокос коцки без печење

Потребни состојки:

1 кесичка пудинг за кокос коцки

1 литар млеко

100 г шеќер

170 г бисквити

80 г чоколадо

40 г путер/маргарин

2 лажици млеко

Малку кокос за наросување одозгора

Постапка:

Наредете ги бисквитите во два реда. Пудингот направете го според упатството, растопете го чоколадото, путерот и млекото.

Пудингот прелијте го преку бисквитите. Кога малку ќе излади прелијте го чоколадото, после 10 минути наросете со кокос.