Благодарение на жена ми сега редовно ги празнам цревата и немам хемороиди – рецепт за напиток

loading...

Со овој напиток кој содржи јаболко и ленено семе успеав редовно да ги празнам моите црева.

Рецептот случајно го дозна сопругата од некоја нејзина пријателка која имала сличен проблем како мојот.

Јас веќе долги години страдав од хемороиди и опстипација. Понекогаш се случуваше и цела седмица да не излезам “по надвор”, или како што вие велите – долг период да немам извршено дефекација.

Постојано имав подуен стомак и секое седнување на ВЦ-шолјата ми беше многу болно.

Сопругата еден ден ми рече да пробам, дека ништо не губам.

Дома веќе имавме ленено семе, таа започна да си приготвува мелено ленено семе со кефир и многу и помогна, па ме убедуваше и мене да почнам со тој оброк. Но јас сум “тежок” на вакви работи и тешко почнувам да применувам новитети.

Но, човек се учи додека е жив, па ете и јас, сфатив дека сум грешел толку години што не сум применувал вакви совети од природната медицина.

Почнав да го пијам напитокот за што сум и благодарен на жена ми. Таа ми го приготвува и таа беше упорна да започнам да го пијам, па благодарение на неа ги немам веќе овие проблеми.

Инаку, свесен сум дека сите тие проблеми ги имав поради исхраната и недвижењето. Работата ми е пред компјутер поголем дел од денот, со колегите нарачуваме хамбургери за јадење со кока кола и чипс, не се движам, нема физичка активност…

Сега се чувствувам многу подобро и редовно пијам кефир како пробиотк. Хемороидите се смирија, немам болки и после секое празнење се одмивам со ладна водна. Тоа веќе ми стана како ритуал. Ова е рецептот.

Потребни состојки:

1 јаболко

2 супени лажици ленено семе (мелени пред употреба)

1 лажица мед

1 чаша вода (некогаш кефир)

Постапка:

Јаболкото измијте го и излупете го ако е прскано, исечкајте го ис тавете го во блендер. Ако блендерот ви е моќен тогаш ставете го лененото семе цело (ако не, претходно смелете го во мелница) и другите состојки, па сето заедно измиксајте го.

Ова испијте го наутро на гладен стомак.

Пробајте и вие па и ако немате никаков проблем, напитокот е многу здрав.