Благодарение на вербата, по посетата на Бигорскиот манастир, јас повеќе немам хемороиди

На 2 км. од селото Ростуше, дебарско, на надморска височина од 740 метри се издига манастирот Свети Јован Бигорски.

Почетоците на неговата изградба, датираат многу одамна (се верува уште во 11 век). Денешната градба на манастирскиот комплекс ја сочинуваат: црквата, костурницата, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци и новоизградените гостински конаци, кои нудат можност на секој од посетителите, под одредени услови, да остане подолго време и да ужива во прекрасните изгрејсонца на овој божествен предел.

Се верува дека кога во времето со Ромејското Царство управувал Василиј II, на овие простори царувал цар Самоил (976-1014 г.). Во ова време, во падините на Бистра, живеел некој монарх со име Јован, кој имал потекло од Дебар.

Тој бил многу добродушен човек, а голема љубов негувал кон свети Јован Крстител. Еднаш во шумата, Јован здогледал некаква светлина помеѓу дрвјата која се вивнувала кон небото.

Кога се доближил видел дека лебди икона со ликот на свети Јован Крстител, окружена со блесок. Монахот одма се погрижил да ѝ изгради свој дом на иконата, па ѝ направил мало црквиче, пред кое секојдневно му се молел на св. Јован.

Според легендата, оваа света икона дошла на овие простори од Исток. Василиј II, кога дознал за добродетелниот живот на монархот Јован, го назначил за архиепископ на Охридската архиепископија во 1018 г.

Воедно, не заборавил и да оддаде благодарност кон изградениот параклис (мало црквиче во кое не се служи литургија), во кој се наоѓала чудотворната икона.

Шест години откако монархот ја пронашол, односно во 1020 г. на истото место Василиј II, подигнал поголем храм.

Манастирот низ историјата многупати бил рушен, опустошуван, опожаруван и напаѓан, па од неговата прва градба, денес е останата само светата икона на свети Јован Крстител.

Денешниот изглед на манастирот датира од крај на 18 и почеток на 19 век, а неговата изградба се поврзува со игуменот Митрофан (1796-1807), но сепак како најзаслужен за денешниот изглед на црквата се смета игуменот Арсениј (1807-1839), кој ги обновил старите конаци и повикал мајстори кои му ги дале најпрепознатливи и највеличествени уметнички и црковни вредности.

Читател до НМД испрати порака, во која објаснува како се излечил од хемороиди во манастирот:

“Почитувани НМД. Моите внатрешни хемороиди беа во трет стадиум и имав закажано операција на скопските клиники. Со хемороидите воидев борба со години, се обидов со многу конвенционални и алтернативни методи, но безуспешно.

Последната година, освен што ги имав вообичаените проблеми, станав и многу анемичен, постојано ми се вртеше, едноставно, комплетно ми се наруши квалитетот на живот.

Еден викенд, со мојата сопруга одлучивме да го посетиме манастирот Св. Јован Бигорски. спиевме во манастирскиот конак, а го посетивме и женскиот манастир манастирот во Рајчица.

За време на целиот престој, силно се молев на моштите од Светителот. Се молев за спасение на мојата душа, на моите најблиски и за здравје.

Сакам да напоменам дека воедно и сум верник, т.е. практикувам да ги постам сите 4 големи пости и секоја среда и петок во годината. Имам свој духовен отец, редовен исповед и причест скоро секоја недела.

Но ова што се случи е ЧУДО. Кога се вративме во Скопје, веднаш следниот ден почувствував олеснување на мојот проблем. Не и обрнав поголемо внимание на новата состојба бидејќи и порано имало периоди кога ситуацијата со хемороидите била смирена, но краткотрајно.

После 2 недели, целосно повлекување на хемороидите, сфатив дека сум ИЗЛЕЧЕН. Ги нема веќе!

Мојот лекар, кој требаше да ме оперира, беше вчудоневиден. Иако со преглед констатираше дека повеќе немам хемороиди, сепак, мислам дека не им поверува на своите очи. Ја откажа операцијата, но како да сакаше да ми рече: “Ќе се видиме повторно јас и ти”.

Од тогаш поминаа 4 години. Рецидив нема, сега живеам нормален живот и секојдневно му се заблагодарувам на Бога и Св. Јован за нивната милост и благост кон мене.

“Господи Исусе Христе, Помилуј”!

*Името и презимето на читателот се познати на редакцијата.