Иако за него повторно и повторно се говори, женскиот оргазам и натаму е мистерија за многумина. Сега се открило дека постои еден доста бизарен, но едноставен трик со чија помош шансите за постигнување на оргазам се зголемуваат за дури шестпати!

Постојат купишта совети кои гарантираат дека секоја дама ќе доживее оргазам во текот на сексот. Сепак, меѓу бројните финти, зафати и пози, неодамна се издвои еден крајно несекојдневен начин. Експертите тврдат дека еден мал ритуал, кој треба да се направи пред сексот, гарантира уживање.

Потребно е само претходно да го издувате носот.

Колку и да звучи бизарно, се покажало дека чистите ноздри и дишни патишта гарантираат дека ќе впиете повеќе телесни мириси, а токму тоа ги возбудува жените, со што се зголемуваат жансите за оргазам.

Истражувањата велат дека оние со поизострено сетило за мирис имаат шест пати поголеми шанси да доживеат климакс.

Овој трик можеби ќе влијае врз промена на статистиката која вели дека 91% од мажите во текот на сексот доживуваат оргазам, а тоа задоволство го имаат само 64% од жените.