БИЛКИ ЗА СРЦЕ И КРВ

Боровинка, магдонос или глог спаѓаат во билки кои служат за подобрување на протокот на крвта низ крвните садови. Овие билки можат да постигнат олеснување и подобрување на циркулацијата, многу подобро од бројни синтетички лекови или медицински средства.

Циркулацијата на крвта е важна компонента на здравјето. Активното пумпање на срцето помага во транспортот на крвта која го пренесува кислородот и хранливите материи до сите ткива и органи во внатрешноста од телото. Протокот на крвта исто така помага и во транспортот на отпадните материи од телесните ткива и органите како што се бубрезите и белите дробови.

За да се транспортира крвта ефикасно низ крвните садови без било какви пречки, организмот бара правилна исхрана која вклучува одредени билки.

БИЛКИ ЗА ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА

За некои билки е познато дека се корисни за крвната циркулација, па поради тоа корисно е истите да се вклучат во здравиот животен стил и подобрување на целокупната крвна слика. Во тие билки спаѓаат следните осум билки:

1.ГИНКО БИЛОБА

Гинко билоба спаѓа меѓу најстарите видови дрва на Земјата. Има моќни антиоксидативни својства и помеѓу останатото веќе илјадници години се користи за лекување на разни проблеми со крвта и памтењето. Гинкото има способност да го подобрува протокот на крвта со што ја намалува лепливоста на тромбоцитите и ги шири крвните садови. Со подобрување на протокот на крвта, гинкото може да помогне и во намалување на ефектите од Алцхајмеровата болест.

2.БОРОВИНКА

Додека боровинките обично се користат за третман при дијареа, тие исто така имаат својства да ја разредуваат крвта. Од тие причини, боровинките се користат и во случаи на венска инсуфициенција која се случува при оштетување на вените. Студиите исто така покажале дека освен што боровинката ја подобрува циркулацијата, таа помага и во случаи со атеросклероза.

3.МАГДОНОС

Освен што е популарен како зачин и се користи во разни јадења, магдоносот е исто така важна состојка на бројни суплементи, бидејќи има природни вазодилатациони својства (ги шири крвните садови). Магдоносот исто така е богат ивор на витамините Б12 и Ц.

4.КОРА ОД ВРБА

Научната анализа покажува дека врбината кора содржи салицин, супстанција која е слична на аспиринот. Поради тоа врбата традиционално се користи за лекување на разни воспаленија и болести. Активната состојка салицин делува така што ја разредува крвта и со тоа го олеснува протокот низ садовите.

5.ЛУТА ПИПЕРКА

Кајенската пиперка спаѓа во посебен вид пиперки и е една од најздравите. Содржи капсаицин кој го дава лутиот вкус. Традиционално се користи како средство за решавање на одредени тегоби како што се хронична болка, слаба циркулација, главоболка, болка во грло и забоболка.

6.ДИВ КОСТЕН

Истражувањата покажале дека консумирањето на дивиот костен може да биде фатално, но ако правилно се обработи, од него се приготвуваат лековити тиктури и креми за лекување на циркулаторната инсуфициенција.

7.ГЛОГ

Оваа билка ја подобрува циркулацијата на крвта, така што позитивно влијае врз здравствената состојба на срцевиот мускул, со што се регулира ритамот на срцето и го подобрува крвотокот.

8.ЃУМБИР

Коренот на ѓумбир има вазодилатациони својства, односно, способност за ширење на крвните садови. Помага во нивно отворање со што крвта многу полесно протекува низ нив. Покрај тоа, ѓумбирот има и други својства за подобрување на здравјето, како што е ослободување од мачнини и регулирање на столицата. Ѓумбирот е антивирусна и противвоспалителна билка, па е одличен и за настинки, грип и тегоби со зглобовите. Една шолја дневно чај од ѓумбир е одличен начин да се подобри циркулацијата на крвта и да се подигне имунитетот.