БИКСКВИТ КОЛАЧ со еурокрем, готов за 15 минути, кремаст и вкусен

Потребни состојки:

400 г бисквити

1 литар млеко

3 пудинг од ванила

1 тегла еурокрем (количината е по желба, може и помалку)

250 г шеќер

250 г путер/маргарин

100 г чоколадо

100 мл млеко

и уште:

50 г чоколадо за декорирање

Постапка:

Од 1 литар млеко одвојте малку на страна, а остатокот ставете го во шерпа на оган да се загрее. Додадете и шеќер.

Во остатокот од млекото ставете пудинг, па мешајте да нема грутчиња.

Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со пудинг и постојано мешајте додека да добиете густ крем. Веднаш додадете путер исечкан на листови и мешајте додека да се растопи и спои со пудингот.

Потоа уште додека е врел кремот поделете го на два дела. Во едниот дел ставете искршена на коцки чоколада, па мешајте додека да се растопи и спои. Потоа двете креми покријте ги со проѕирна фолија и оставете да изладат.

Пригответе калап 10х35. Бисквитите малку натопете ги во останатите 100 мл млеко, па наредете ги на тацна или во калап. Полесно е во калап зошто во тацна ќе мрдаат додека ги премачкувате.

Еурокремот малку растопете го на тивок оган, па премачкајте ги бисквитите. Потоа излејте ја белата смеса и израмнете. Повторно наредете бисквити натопени во млеко, па повторно еурокрем, па нанесете го црниот крем.

Повторете ја постапката уште еднаш. Оставете 2-3 лажици од белиот крем за декорација. Најгоре наросете рендано чоколадо.

Пред послужување оставете во фрижидер да излади, најмалку 5-6 часа. Потоа сечете на коцки и послужете.

loading...