Овен

Припадниците на овој знак се многу искрени, а најважната причина е тоа што немаат волја за лажење ниту пак сакаат да ја трошат својата енергија на такви работи. Дури и по цена да повредат некого со својата искреност, ќе го изберат тоа пред да излажат за било што.

Тие сакаат да го дадат своето мислење, а истото го очекуваат и од другата страна. Често умеат да ги повредат останатите со своите отворени размислувања и подоцна им е жал за тоа, но по некое време повторно исто постапуваат.

Стрелец

За Стрелецот може слободно да се каже дека е најискрениот знак во хороскопот.

Понекогаш овие луѓе умеат да претераат со раскажување постојано една приказна од својот живот или од животот на пријателите, но тоа го прават за да го забавуваат друштвото.

Меѓутоа, не сакаат да лажат во никој случај – тоа го избегнуваат дури и кога знаат дека е за нечие добро. Ќе ја кажат и најлошата вистина, затоа што сметаат дека така е најдобро.

Лав​

Самоувереноста на Лавот ретко може да се спореди со самоувереноста на другите знаци. Но, исто така е заразна. Кога сте покрај Лавот, вие чувствувате дека можете да направите се на овој свет. Нивната самоувереност е едноставно заразна.

Тие имаат мноштво друштва и луѓе со кои се дружат и со задоволство ќе ви отстапат простор да ги проширите и вие вашите видици, но и вашиот круг на пријатели.

Лавовите се премногу амбициозни. Тие ќе направат се за да го постигнат тоа што го сакаат, а во пакет ја имаат самодовербата која им помага да го направат тоа. Тие сонуваат големи соништа, но и ги поттикнуваат останатите околу нив да сонуваат големи соништа.