-Едноставен трик со чија помош вашите нозе на фотографиите ќе изгледаат подолги и повитки!

За да излеземе што подобро на фотографијата, секогаш се служиме со некои ситни трикчиња за положба на телото. Една од таквите положби на телото, попрецизно на нозете – моментно е многу популарна на Инстаграм, а ветува долги и витки нозе на фотографијата.

„Барби нозе“ е назив на позата која на сите фотографии ова лето ја испробуваат голем број жени. Како што и самото име вели, називот на позата е инспириран од славната кукла која секојпат стои на прсти. А токму со тој трик се послужиле бројни дами кои сакаат нозете да им изгледаат повитки и подолги на своите фотографии.

Положбата Барби подразбира да стоиме на прсти со што ја имитираме положбата како кога носиме штикли, а добро знаеме дека високите потпетици визуелно ги издолжуваат нозете и ги прават повитки. За дополнителен ефект, едната нога нека биде малку понапред од другата (како да правите мал исчекор).

Оваа поза на Инстаграм е особено популарна на фотографиите во костими за капење какви што ќе ги гледаме многу често следните два месеца.