Сите дома има имаме некој агол кој би сакале да го пополниме со нешто што ќе ја освежи и разубави просторијата. А има ли поубаво од минијатурните градини?

Создавањето на минијатурна градина, не само што е креативна работа, туку и смирувачка, самото создавање делува релаксирачки, ја буди вашата длабоко скриена фантазија…

А резултатот е вчудоневидувачки! не само што вие самите ќе бидете задоволни од себеси, туку вашето дело ќе ги привлекува погледите на вашите посетители… сите ќе бидат воодушевени. Бидете првите кои ќе направат мала бајковидна градина, а по вас ќе се огледаат и другите, па на тој начин ќе ја ширите позитивната енергија…

Сè што ви е потребно се:

-Билки со разна величина и бои

-Земја и по потреба песок

-Декоративни камчиња

Погледнете го видеото!