Иако менопаузата не е болест туку целосно нормален природен процес, припадничките од поубавиот пол во тој период, можат да си ги намалат симптомите со помош на природни лекови.

Бидејќи причината за тегобите кои реално се јавуваат кај поголемиот број жени, е намаленото ниво на естроген, треба да се обрати особено внимание на овој хормон. Употребата на лековити билки и намирници кои содржат фитоестрогени се вистински мелем за менопауза.

Бидејќи најчесто менопаузата кај жените настапува помеѓу 45 и 55 година од животот, тоа е време кога, после претходно бурно живеење, треба малку да се застане и жените да си се посветат себеси.

Климаксот е неминовен и природен, па затоа тогаш е попаметно да се радувате на конечниот престанок на менструацијата, отколку да очајувате. Позитивниот став носи позитивни резултати.

Ви ги набројуваме најкорисните природни лекови за менопауза:

1.Масло од жолто ноќниче- благодарејќи на гама линоленската киселина, успешно влијае врз регулацијата на одредени хормони и го одржува оптималното здравје на женскиот организам во периодот на менопаузата. Се пие според упатството на произведувачот.

2.Црвена детелина- цветот на оваа билка е познат како богат извор на фитоестрогени од групата на изофлавани. Тоа се растителни материи кои се препорачуваат како природна замена за современата хормонална терапија, бидејќи во организмот делуваат многу слично како естрогени.

Фитоестрогените ја редуцираат појавата на „топли бранови“ за околу 40%, што кај многу жени во менопаузата им го олеснува животот.

3.Бела имела- низ долгата историја на народната медицина, билката бела имела се покажала како одлично природно средство за регулирање на многу важни функции во организмот, меѓу кои спаѓаат и регулирање на хормонските пореметувања. Белата имела има многу широк спектар на делување, па на жените во климакс може да им биде од значајна помош.

Покрај тоа што делува врз регулирањето на хормоните, белата имела ја регулира циркулацијата, крвниот притисок, ја ублажува главоболката, несоницата, уморот, безволноста,- сите можни симптоми на менопаузата.

За да се приготви безбеден лековит напиток од бела имела, потребно е стручно знаење и искуство, па така не би требало да посегнувате на своја рака. Најдобро е еликсирот да го купите во аптека или од специјализирани продавници, а потоа строго да се придржувате до приложеното упатство за употреба.

Бидејќи оваа билка има силно делување, не смее да се надмине препорачаната доза. Најдобро е пред почетокот на терапијата да се посоветувате со лекар.

4.Жен Шен (Ашваганда)- Оваа билка е позната и како еликсир на младоста бидејќи го успорува процесот на стареење. Поволно влијае врз многу функции во организмот, и покрај тоа што содржи билни естрогени. Општо говорејќи, индискиот жен-шен е еден многу корисен природен лек за менопауза бидејќи ги олеснува здравствените тегоби кои се својствени за лица од средната и постарата возраст.