За нас

За нас

Почитувани,

Би сакале накратко да Ве запознаеме со нашиот проект.

По деталното согледување на интернет просторот, а водени од идејата за создавање на автентичен веб сајт кој ќе ги разработува темите од областа на нутриционизмот и влијанието на исхраната врз специфичните заболувања и особено употребата на одредени продукти како помош во третирањето на актуелни заболувања, како и нивна превенција, дојдовме до финална реализација на идејниот проект, веб страната NMD.

 

Програмата се состои од диети (менија), односно предлози за седумдневен начин на исхрана (појадок, ручек, вечера, ужина) од продукти вкомпонирани според специфичната крвна група, полот, возраста, индексот на телесната маса (BMI), како и евентуалните покачени вредности (од крвна слика) на шеќерот и холестеролот во крвта, како и крвниот притисок, придружени со конкретни објаснувања за избраните параметри и понудени за пристојна цена, далеку пониска од актуелните на компаниите кои се занимаваат со оваа дејност.

 

Концептот на веб страната, исто така, предвидува и постови од еминентни стручни лица од одделните области кои ќе ја разработуваат зададената тема и ќе ги објаснуваат причините кои довеле до заболување, како и можноста преку правилна исхрана да се ублажат последиците, односно целосно да се елиминира болеста.

Исто така, на нашата страница се застапени и разни рубрики, како "Народна медицина", "Здравје", "Рецепти"... кои се од информативен карактер.

 

НМД не дава медицински совети, дијагноза или третман!
Пред да примените некој рецепт кој сте го прочитале на нашата страница, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Искрено ваши

Тимот на НМД 
loading...
ПРЕПОРАЧУВА
Бесплатни
совети и факти
направена според
крвната група

Facebook