Како што веројатно и знаете, гасовите и нивниот мирис се резултат на она што го внесувате во себе.

– Непријатниот мирис на гасовите е нешто со што морате да се помирите. Тоа е резултат на она што го јадете, но и на бактериите кои ги имате во системот за варење.

Секој организам е различен, а поинтензивниот мирис кај некои луѓе се должи на лошата сварливост на јаглените хидрати кои ги внесувате, а кои ферментираат и како резултат на тоа, настануваат непријатните мириси – објаснува Мирон Бренд, гастроентеролог од Конектикат.

Да биде поголема иронијата, што поздрава храна јадете, толку интензитетот на гасовите е поголем.

Храната богата со влакна, како брокулата, прокељ или киноа, ја потпомагаат работата на добрите бактерии во организмот и доведуваат до зголемен интензитет на гасови.

Лошиот мирис е резултат на консумирањето на црвено месо и млечни производи.

Еве што треба да направите за да го намалите интензитетот на гасовите:

Ако ваша грижа се зголемениот интензитет на гасови, а не нивниот лош мирис, тогаш во вашата исхрана уфрлете поголема количина на протеини, бидејќи јаглените хидрати се оние кои ги стимулираат гасовите.

Меѓутоа, Д-р Бренд потенцира дека секој организам е приказна за себе, па нешто што некому може да му помогне, не значи дека и на друг ќе му биде од корист.

Сепак, генерално, на луѓето кои имаат зголемен интензитет на гасови, им се препорачува скоро целосно од исхраната да ги исфрлат јаглените хидрати.

Она што го нагласува докторот е следно:

Вообичаено ниво на испуштање гасови дневно, е околу 10 до 20 пати. Ако интензитетот на гасови е почест од просекот и нивниот мирис поинтензивен од вообичаено, би требало да се загрижите и да побарате помош од гастроенеролог.

Сè дотогаш, слободоно пуштајте гасови, но само кога сте сами!